За нас

Меѓународната фондација Борис Трајковски е создадена во пролетта 2004 година за да го продолжи незавршениот дело и наследство на починатиот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски. Фондацијата постои за да ја извршува својата Мисија и своите цели  преку серија на програми и активности. Фондацијата е имплементирачка фондација.

Фондацијата е раководена од одбор на директори и службеници, при што секојдневните активности ги врши стручен кадар. Фондацијата, исто така, има Почесен одбор на советници, кој се состои од поединци од Македонија и од целиот свет кои ги одразуваат ставовите и вредностите на претседателот Трајковски.

Фондацијата работи преку својата  канцеларија во Скопје, Македонија и вработените за одржување на архивите на починатиот претседател,  да пишуваат, развиваат, имплементираат и надгледуваат нови проекти кои се во нивна надлежност, како и да одговараат на прашања и да воспоставуваат врски со Владата, медиумите , и други заинтересирани страни. Секретаријатот, исто така, создава материјали за Фондацијата, ги координира функциите на одборот на директори и почесниот одбор на советници и од време на време одржува јавни настани.

Претседателот Трајковски беше уникатна личност која се превзема на себе многу повеќе од она што му беше потребно за неговиот мандат како претседател. Тој навистина беше човек од народот и го живееше својот живот посветен на својата родна Македонија, како и на поголема регионална и меѓународна соработка. Силен бранител на унитарна Македонија, претседателот Трајковски беше активист во сè што стори, верувајќи силно дека Македонците од сите етнички и религиозни групи би можеле да живеат и да работат заедно преку промени во своето срцето.

Фондацијата работи во Македонија и е посветена на носење трајни позитивни промени во земјата, што пак ќе создаде постабилна, сигурна и просперитетна земја, регион и свет.