Мисија

Верувањето на Борис Трајковски

Борис Трајковски имаше вистинска вера во Бога и веруваше дека човештвото, преку промена на срцето, може да живее и да работи заедно. Верата и вредностите на Борис Трајковски се рефлектираа преку неговата љубов и грижа за сите граѓани на Македонија, регионот и светот. Тие беа покажани во дело преку неговата мисија на помирување, љубов и простување и неговата страст кон неговата родна Македонија.

Мисија

Меѓународната фондација Борис Трајковски е невладина, непрофитна фондација посветена на поттикнување и ширење на визијата и вредностите на покојниот Претседател на Република Македонија, Борис Трајковски. Мисијата на Фондацијата е да го продолжи незавршеното дело и наследство на Претседателот Трајковски преку промовирање на мир и помирување , обезбедување квалитетно образование за младите генерации, промовирање на слободна пазарна економија и граѓанско општество и добро владеење. Во рамките на овие четири области, Фондацијата ќе се посвети на подигањето на јавната свест за проблемите на лицата со хендикеп за кои Претседателот Трајковски со страст се грижеше . Фондацијата е локална, регионална и меѓународна во свој делокруг и мисија, како одраз на динамичната личност на Борис Трајковски.