За Борис Трајковски

 

 Борис Трајковски
 Претседател на Република Македонија (1999-2004)
 25 јуни 1956 – 26 февруари 2004 година

Претседателот Борис Трајковски беше инаугуриран како втор претседател на Република Македонија на 15 декември 1999 година. Претседателот Трајковски го наследи Киро Глигоров за претседател на Република Македонија кој ја прогласи независноста на 8 септември 1991 година.

Претседателот Трајковски како  Претседател донесе широк спектар на вештини, таленти, разбирање и искуство. Служше во приватниот и во јавниот сектор и рабираќи како бизнис заедницата, граѓаните и владата мора да соработуваат во полза на земјата. Претседателот Трајковски беше посветен на демократските идеали, слободната пазарна економија, отвореното општество и владеењето на правото, вредности што се рефлектираа во неговата кампања и во неговото владеење. Тој беше страствен бранител на интересите на Македонија кој достоинствено се залагаше за вклучување на Македонија во Европската унија и во НАТО, како и во другите евроатлански структури.

Соглансо Уставот на Република Македонија, претседателот Трајковски имаше голем број на должности, вклучувајќи и врховен командант на вооружените сили, шеф на државата, одредени овластувања за право на вето и способност за назначување и прифаќање на амбасадори и други функционери. Претседателот Трајковски правно ги спроведуваше  своите должности од преземањето на функцијата и редовно се консултираше со владата и другите за овие прашања.

За време на неговиот мандат, претседателот Трајковски беше активен претседател , кој патуваше во повеќе од 20 земји, вклучувајќи ги Австрија, Белгија, Канада, Хрватска, Естонија, Германија, Литванија, Полска, Србија и Црна Гора, Швајцарија, Украина, Велика Британија и Соединети Држави. Тој одржа бројни говори на форуми како Светскиот економски самит во Давос, Советот на Европа, Обединетите нации и Процесот на соработка во Југоисточна Европа, како и на парламентите во неколку земји. Имаше еднодневни средби со шефови на влади и шефови на држави и беше лидер во регионот на Југоисточна Европа, барајќи поголема соработка и помирување. Тој беше инструмент за создавање на Јадранската повелба, соединувајќи ја Македонија, Хрватска и Албанија за колективно лобирање за членство во НАТО.

Во Македонија, Претседателот Трајковски беше активен и близок до народот на Македонија патувајќи низ целата земја, слушајќи и разговарајќи со граѓаните, избраните функционери, бизнисмени, едукатори и верски лидери. Претседателот Трајковски одржуваше одлични односи со сите членови на владата, како и амбасадори и претставници на странски земји и организации со седиште во Македонија.

Пред изборот за претседател, тој работеш како заменик-министер за надворешни работи,  од 21 декември 1998 година. Како заменик-министер, тој беше одговорен за воспоставување односи со меѓународната заедница во име на Македонија. Кога избувна косовската криза  во март 1999 година, премиерот Љубчо Георгиевски го назначи да биде врска помеѓу  владата на Република Македонија и меѓународната заедница. 

Во тоа време тој се истакна и се залагаше за меѓународна помош за да може Република Македонија да се справи со приливот на бегалци, при што и покажа на меѓународната заедница дека граѓаните на Македонија беа способни и спремни да ги прифатат своите соседи со отворени раце. Како заменик-министер, претседателот Трајковски имаше активна улога во справувањето со медиумите, странските делегации, НАТО и другите во име на Македонија.

Пред неговото назначување за заменик-министер, тој доброволно работеше како претседател на Комисијата за надворешни работи за ВМРО-ДПМНЕ, најголемата опозициска партија во земјата. Во 1997 и 1998 година бил вработен како шеф на кабинетот на градоначалникот на Кисела Вода, скопско предградие, а до 1997 година Трајковски бил шеф на правниот оддел за локална градежна компанија Слобода.

Таткото на претседателот Трајковски, Кирил, беше затворен за неговите идеолошки и религиозни верувања во јуни 1946 година веднаш по завршувањето на Втората светска војна, каде што се бореше на страната на партизаните. Тој првично беше затворен за период од две години , но доби амнестија во јули 1947 година. Сепак, уште две години по неговото ослободување, тој беше лишен од неговите граѓански и политички права. Иронично, за време на неговиот затворски мандат во затворот на Кале во Скопје, тој беше принуден на тешка работа, работејќи на претседателската вила која еден ден ќе стане дом на неговиот син, Борис.

Претседателот Трајковски го доби својот Б. С. по право на Правниот факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во 1980 година, каде што специјализирал деловно право. Тој е роден во Струмица, Македонија во јужна Македонија и има семејство уште таму. Претседателот Трајковски е првиот методистички претседател во доминантно православна / муслиманска земја и активно служи како проповедник во Евангелско-Методистичката црква во Македонија. Во изминатите години тој ја претставува Македонија во различни Методистички функции низ целиот свет. Тој е оженет за Вилма Трајковска и има еден син, Стефан, и една ќерка, Сара. Роден е на 25 јуни 1956 година, што го прави еден од најмладите лидери во регионот кога бил инаугуриран. Тој беше активен тенисер и уживаше на отворено.

Борис Трајковски беше убиен во трагична авионска несреќа на 26-ти февруари 2004 година, заедно со уште осум други, во близина на Мостар, Босна и Херцеговина. Имаше 47 години.

Март 2004 година