Програма и Активности

Цели и задачи

Меѓународната фондација Борис Трајковски е невладина, непрофитна фондација посветена на поттикнување и ширење на визијата и вредностите на покојниот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски.

Во промовирањето на своите четири водечки принципи и придружни активности, Фондацијата ќе се осврне и ќе обезбеди поддршка за ранливите групи на општеството, вклучувајќи ги и лицата со хендикеп, бидејќи претседателот Трајковски страсно се грижеше за нив.

Фондацијата е локална, регионална и меѓународна во својот делокруг и мисија, како одраз на динамичната личност на Борис Трајковски и неговата ширина на визија и увид.

Основните цели на Фондацијата

  • Промовирање на мир, помирување и разбирање.
  • Промовирање високо квалитетно образование за децата и младите во Македонија, за   подобро да бидат подготвени и опремени да ја водат иднината  на својата земја.
  • Помагање на целота популација во Македонија, но особено на ранливите групи, преку промовирање на принципите на слободна пазарна економија стремејќи се да обезбеди  пристоен живот и просперитет за сите.
  • Промовирање на граѓанското општество и добро владеење преку зголемувањето на  отвореност, транспарентност, чесност и охрабрување на невладиниот сектор.

 

Во рамките на секоја од овие четири основни цели, Фондацијата ќе ги почитува следниве принципи:

  • Промовирање на етничкото, религиозното и културното почитување и разбирање помеѓу народите, луѓето и заедниците.
  • Промовирање на индивидуалните права и одговорности.
  • Промовирање на регионална и меѓународна соработка преку отворена комуникација и размена на идеи.
  • Промовирање на употребата на технологија за подобрување на нашите животи во образованието, здравството, економијата и владеењето.